Сашо Тасевски: СаД ЕУ и Израел се тријадата на злото што се случува во Газа. Нашите стратешки партнери, додека не не збришат и нас како Палестинците

Татко во Газа ги носеше деловите од своите деца во две ќеси за ѓубре додека рикаше како животно. Како да завиваше директ од пеколот.

Четири илјади деца се убиени за 25 дена во појасот Газа.

Преку десет училишта се затворени оти не останаа живи деца.

Можете ова да го замислите?

Светот гледа отстрана и молчи додека ционистичкиот режим на Нетанјаху врши геноцид на цел народ.

Ционистички определени рабини бараат од него да продолжи да гаѓа болници, училишта градинки.џамии и цркви

Светот, поточно владите на колективниот Запад и за тоа молчат. Ееееј свештеници бараат масакр на невини луѓе.

Само Јемен како држава се одважи да викне Доста е! Само Јемен го нападна Израел.

Другите муслимански земји уште се држат настрана.

Само знам дека околу Ердоган врие. Турција можно е директно да влезе во војна со Израел.

Ако влезе Турција збогувајте се со светот каков што го знаевте. Оти тогаш може да влезе и Русија.

А ќе се збогуваме и онака.

Оти овој масакр врз Палестинците кој го одобрува колективниот Запад да знаете ќе дојде и тука. Ако мислите Газа е далеку и тоа се само Палестинци, многу се лажете.

Не разбирате.

Кога го премолчуваш злото некаде далеку, тоа доаѓа по тебе.

Муслиманите велат солзите и крвта на невините што сте му ги препуштиле на Ѓаволот, ќе ве стигнат и на оној свет.

Каква трагедија. Човек е парализиран пред вакво зло.

Четири илјади деца убиени за три недели од израелската војска. Четири факинг илјади!!!

И уште толку ранети деца без рака без нога, со длабоки лузни на психата. Утре ќе бидат неспособни за живот дури и да преживеат цели.

Каков пораз за човештвото.

За немоќните Обединетите Нации.

СаД ЕУ и Израел се тријадата на злото што се случува во Газа.

И никој друг.

Нашите стратешки партнери.

Нашите добротвори.

Додека не не збришат и нас како Палестинците.

Да ви е..м глупите!!!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде