Лутон беше на чекор од големо изненадување и можеше да го совлада Ливерпул, но гол за бод на „црвените“ постигна човекот кој поминува низ животна драма, Луис Диаз.
Напаѓаше Ливерпул од првата минута, додека Лутон знаеше да се закани на моменти преку контри. Најголемата прилика додека резултатот беше 0:0 го пропушти Дарвин Нуњез кој влезе во идеална можност по проигрувањето од Салах, но шутираше над голот.
Кога Ливерпул не ги искористи шансите казната стигна во 80. минута, Чонг кој влезе во 61. минута постигна гол кој беше вистински „студен туш“ за избраниците на Клоп.
Луис Диаз кој поради киднапирањето на неговиот татко беше под знак прашалник за овој натпревар во игра влезе во 84. минута, а во петтата минута од судиското продолжение по нафрлувањеот на Елиот постигна гол за 1:1.
По голот Колумбиецот го подигна дресот и испрати порака за ослободување на неговиот татко кој се уште е во рацете на киднаперите.