ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА го потресе регионот: Воз удри во автомобил, две лица загинаа

Две лица загинаа денеска во градот Љешево во општина Илијаш, јави порталот klix.ba од кантонот Сараево.

Се наведува дека несреќата се случила околу 17 часот, кога возот удрил во патничко возило, при што двете лица кои биле во автомобилот загинале.

Портпаролката на МУП од кантонот Сараево Мерсиха Новалиќ истакна дека лекарот на Институтот за итна

медицинска помош констатирал смрт на две лица на местото на несреќата.

Истрагата е во тек, а за несреќата е известен и дежурниот обвинител.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде