Почина професорката Жана Димчевска која беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност. Димчевска ја извршуваше и функцијата продекан за настава на ФМУ, а колегите изразија длабоко жалење:Замина нашата Проф. м-р Жана Димчевска (5.6.1956 – 4.11.2023). Со длабоко жалење ве известуваме дека по долго и тешко боледување почина нашата почитувана колешка проф. м-р Жана Димчевска. Таа беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност.Жана Димчевска е родена во Скопје. Средното музичко образование го завршува во Скопје, на инструментот виолончело кај светски реномираниот виолончелист и педагог Андре Навара од Франција.
Голем број роднини и пријатели се простија од професорката Димчевска, а еве што напиша новинарот Огнен Јанески.
Починала универзитетската професорка од Факултетот за музичка уметност, м-р (Сне)Жана Димчевска, од којашто имав чест да учам солфеж во различна доба од животот, во два наврата, при што сум и’ неизмерно благодарен за посветеноста и упорноста за тоа.
Како што споделува професорката Ѓошевска, токму така беше пиењето кафе или чај кај неа дома, проследени со разговорите, пијаното, учењето, музиката, вгнездувањето на љубовта кон нотите.
Нека и’ е вечен спокојот, таму-горе, лежерен како и учителскиот метод.