Тројца ловџии фатени како ловат без дозвола

Тројца ловокрадци вчера биле фатени со седум отстрелани фазани при криволов во Трубарево – ловиште Бунарџик од страна на ловочуварската служба на комцесионерот Ада Петра.

Ловокрадците, како што се наведува во информацијата, ги ловеле фазаните од теренско возило во движење по нивите во ловиштето.

Еден од ловокрадците возел, а другите пукале од едната и од другата страна на возилото.

Според сознанијата на концесионерот, ловокрадците на ист начин веќе подолго време го пустошеле ловиштето.

Концесионерот на ловиштето согласно законот ги одзел средствата за лов, двете пушки и возило и незаконски застреланиот дивеч и случајот го пријавил во МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде