Земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран на територијата на Албанија.

Потресот бил во 14:50 часот  на длабочина од 10 километри со  епицентар во Видас на 10 километри од Елбасан,

а е почувствуван и во Тирана и Драч.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Поради близината, земјотресот е почувствуван и на македонска територија, пред се во Струга, Охрид и Дебар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде