Унгарскиот фудбалер Марко Варга (26) загина во сообраќајна несреќа што се случи во Австрија.
Веста за смртта на фудбалерот кој настапуваше за АСКО Линц ја пренесоа локалните медиуми.
Несреќата се случила во саботата навечер, еден ден откако го одиграл последниот натпревар за својот клуб во кој бил и стрелец.
Се се случило на автопатот А1 Запад кога возачот на комбе со полна брзина налетал на неговиот автомобил. Брзата помош успеала да го оживее, но подоцна во болница им подлегнал на повредите.
Спортскиот директор на неговиот клуб Курт Баумгартнер беше во шок.
– Не знам што да кажам, ситуацијата е многу тешка за сите нас. Сè уште не можеме да веруваме – изјави Баумгартнер.
Варга беше многу талентиран во помладите селекции каде меѓу другите настапуваше за Хонвед, Академија Пушкаш и Видеотон. Играше и за помладите селекции на Унгарија.
Die Trauer beim Fußballverein ist groß: Freitagabend erzielte der 26-Jährige sein erstes Tor für den Verein. Wenige Stunden später verstarb er bei einem schweren Verkehrsunfall auf der A1 in Pucking. Die Unfallursache ist nach wie vor unklar, die Polize… https://t.co/Bi6uOv5Ek6
— OÖNachrichten (@nachrichten_at) November 4, 2023