Граѓанин се пожали: Aпликацијата симната на мобилниот телефон со која ги скенирав сметките за поврат на ДДВ, одеднаш престана да функционира. Сега работи само на телефони од поновата генерација

Во текот е исплатата на средствата од „МојДДВ“, а оние кои скенираа ги добиваат своите пари од повратот на данокот.

Но, на социјалните мрежи се појавија информации дека апликацијата со која се скенираат сметките не секогаш функционира на телефоните од постарата генерација. 

Еве на што алармира еден граѓанин: 

– Пред две недели, апликацијата „Мој ддв“, симната на мобилниот телефон со која ги скенирав сметките за поврат на ДДВ, одеднаш престана да функционира.

Сега работи само на телефони од поновата генерација. Го прашувам УЈП што е причината. Некои ми велат дека нивните програмери се во дослух со операторите и продавачите на телефони за да купиме телефони од понова генерација а некои дека тоа е чисто масло на УЈП да се намали повратот на ДДВ бидејки тие што имаат нова генерација телефони воопшто не скенираат сметки, a рајата што има стари телефони не е во состојба да купи нови само заради скенирањето на фискалните сметки.

Така УЈП и понатаму ќе се фали дека враќа ДДВ, а фактички ги блокира телефоните на рајата, напиша тој. 

Дека ова е донекаде точно се согласија и други граѓани, додека од УЈП тврдат дека преку оваа апликација парите се враќаат назад кај граѓаните. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде