Хаос во албанскиот парламент: По судирот со обезбедувањето, пратениците влегуваа преку прозорец

По судирот со обезбедувањето на главниот влез, пратеници влегле во албанскиот Парламент низ прозорец.

Нивните колеги кои биле внатре ги отвориле прозорците, а тие користејќи столчиња успеале да влезат во Собранието.

Пратениците Ервин Салијањи, Петрит Дода и Едмонд Спахо во петокот биле исклучени од работата на собранието на 10 дена.

Единствени кои не успеале да влезат во собранието се Газменд Барди и Албана Вокши,

кои чуварите во последен момент ги спречиле да влезат низ прозорците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде