Кој како нив: Овие граѓани ќе добијат плус 37 600 денари на своите сметки!

„КАМ“ е прогласен за најпосакуван работодавач во категоријата маркети на првите награди за најдобри работодавачи во организација на веб-страницата за пребарување работни места Vrabotuvanje.com.

Наградите беа доделени врз основа на три критериуми – број на посети на огласите и објавите на „Вработување“, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно истражување спроведено од организаторот.

– Сите признанија ни се драги, но особено сме благодарни за оваа награда, бидејќи се однесува на сегмент што нам како компанија ни е особено битен, а тоа се вработените и нивното задоволство.

Воедно, ова е и поттик да продолжиме со унапредување на условите и грижата за вработените. „КАМ“ е едно големо семејство и секој член во него е важен, и тие што се долги години со нас, и оние што допрва ќе ни се придружат – велат од „КАМ“.

КАМ маркет, најпосакуваниот работодавач во категоријата маркети за изминатата година, значително го зголемува регресот за годишен одмор, кој годинава ќе изнесува 37.600 денари.

Со новото зголемување, регресот е за 14% повисок од исплатениот регрес за минатата година, а 175% повисок од законски утврдениот минимален регрес.

Покрај зголемувањето на регресот за годишен одмор, кој повеќе години наназад е повисок од просечна плата, КАМ најавува и дополнително проширување на листата на бенефиции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде