Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.
Согласно последната одлука на РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 остана непроменета, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалија за половина денар.
Ова се актуелните цени на горивата:
Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 81,5 денари, додека на ЕУРОСУПЕР – 98 избесува 83,5 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ БС од полноќ ќе се продава за 81,5 денари по литар, екстра лесното маслото за горење по цена од 81 денар, а мазутот за 46,291 денари.