Учесникот на српските реални програми „Големиот брат“ и „Фарма“ Радиша Миљковиќ, попознат како Радашин, почина синоќа во родното село Љуптен.
Тажната вест за Блиц ја потврди и неговиот кум.„Почина синоќа. Вчера бев во селото и беше критично“, рекол кумот на Радашин за „Пулс“.
Инаку, Радиша Миљковиќ беше учесник во неколку реални шоуа.Последните денови од животот ги поминал во родното село со сопругата Златка, синот, снаата и внуците.Многумина коментираа дека неверојатно личи на актерот Радош Бајиќ, поради што го нарекоа негов двојник.
Неговите изјави станаа вирални, а по „Големиот брат“ се испроба и во „Фарма“.
Потоа не ја продолжи својата ријалити кариера, а се шпекулираше дека настапувал и танцувал по клубови.Радашин потоа се вратил во родното село, каде што се занимавал со земјоделство.
– Сега се занимавам со земјоделство и градежни работи. Не е лесно, фасадата паѓа во очи, а тука жени колку сакаш, но не сакам повеќе да бидам во реално шоу.
Треба да се обврзам на две години, да го правам тоа што ми е кажано, но не сум подготвен за тоа. Решив да се посветам на семејството, неодамна го добив шестото внуче, на ред сум да се грижам за нив – изјави претходно Радиша Миљковиќ.