67-годишен скопјанец почина на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ од повредите здобиени во сообраќајна несреќа во која бил удрен од автобус додека возел велосипед.
– На 05.11.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Кумановo-Скопје, под клучка „Илинден“,
автобус „неоплан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(63) од Скопје, удрил во велосипед управуван од Т.Н.(67) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешниработи.
Велосипедисто со тешки повреди бил пренсен во болница каде што денеска починал
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.