Вознемирувачки фотографии од местото на трагедијата: 37-годишниот Мирко го загуби животот во страшна сообраќајка кај Подгорица

Едно лице загина, а друго е тешко повредено денеска во сообраќајна несреќа на автопатот Никшиќ-Подгорица.

Во сообраќајна несреќа на патот Никшиќ – Подгорица, во Богетиќи, денеска во 11.05 часот загина Мирко З.(37) од Никшиќ.

Во несреќата е повреден државјанин на Босна и Херцеговина О.М.(31) од Билеќа. Како што изјави за „Вијеста“ директорката на Општата болница во Никшиќ, д-р Душанка Милатовиќ Перовиќ, тој има отворена скршеница на раката и неговата состојба моментално е стабилна.

Се прават дополнителни тестови и снимање за да се утврди дали има уште повреди“, изјави Милатовиќ Перовиќ.

Несреќата се случила пет минути по 11 часот, а сообраќајот на оваа делница бил затворен до завршување на истрагата.

Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа претходно денеска соопшти дека повредениот во несреќата е „во прилично лоша состојба“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде