– Како поранешен член на Советот за радиодифузија денешна Агенција за аудио и визуелни медиумски услуги згрозен сум но не и изненаден од настапот на директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски, реагира во објава на Фејсбук Замир Мехмети за вчерашниот инцидент во емисијата Само вистина.
„Велам не сум изненаден имајки го предвид фактот дека со дотичниот сум имал можност да дебатирам кога во Советот имавме дебата за родова еднаквост во националните телевизии и одблиску се уверив дека се работи за ноторен лажго и опасен манипулатор, кога без срам не убедуваше дека во телевизијата каде он е директор нема никаква дискриминација,
па дури дека жените се најгоре на пиадесталот, додека во исто време во Канал 5 се емитуваше шоуто на Миленко кое од почеток до крај беше преполно со говор на омраза, со расна, родова и етничка дискриминација, а директорот се правеше наудрен или „јас нисам одавде” Во тоа време Миленко во неговата емисија ја навредуваше новинарката Мери Јордановска со најдолни зборови, ширеше невиден говор на омраза кон неа и кон други нејзини колешки и колеги новинари.
Во еден момент му реков – Нели Ви е срам директоре да држите вакво лажно предавање за родова еднкавост, додека Миленко навредува и шиканира новинарки во телевизијата каде Вие сте директор?
Он на тоа со наведната глава кратко одговори дека тоа шоу е од приватна продукција и они не смеат да се мешаат во уредувачката политика. Сакаше да се сокрие под едно штуро десет секундно делче пред почетокот каде се велеш дека ставовите во емисијат не се ставови на .телевизијата“, истакнува Мехмети.
Тој нагласува дека „вечерва бевме сведоци дека овој човек си дозволува за право да се вмеша среде емисија и да побара почитуваниот, коректниот и умерниот Рамадани да го прикаже како националист и да побара негово остранување од емисијата и прекинување на истата“.
„И замислете да ни се продаде сите нам гледачите како отворен, неоптоварен и професионален човек и новинар, со булшити од типот јас имам многу браќа Албанци, како тоа да е нешто многу ненормално, а ете он широкиот сепак нема проблем со тоа.
Иван Мирчевски е срам за новинарската фела и фактот дека он е директор на национална телевизија говори доволно до кое дереџе за жал денес се медиумите“, наведува Мехмети во неговата реакција.