БОМБА на Инфомакс: 88,8 милиони денари од градоначалници на ДПМНЕ завршиле во една косовска компанија

На телевизија едно, зад затворени врати сосема друго. Додека Мицкоски и компанија глумат големи патриоти, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ купуваат струја од косовска компанија, пишува Инфомакс.

Некои би рекле пазарна економија, но зошто големите патриоти би дозволиле македонски пари да одат во Косово?, прашуваат од таму.

Во изминатиот период Инфомакс објави ексклузивни информации најпрво за 390 милиони денари тендери со кои “вмровските” градоначалници од десетина општини “го частеле” Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев. 

Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски , односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор и со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. 

Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари.

Компаниите ЕЛТРА и ЕНЕРГОМОНТ во периодот од 17.10.2021 до 11.07.2023 година од општините добиле дури 117.840.256 денари, во едната од нив Мицкоски има удел од седум проценти, а директорот на штаб на ДПМНЕ добил 18,5 милиони за две години,

секако повторно од истите општини под “владение” на градоначалниците на Мицкоски, а истите градоначалници практично го платиле и бунтот во јавното претпријатие “Комунална хигиена Скопје” преку фирмата Река Интернационал..

Целиот текст прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде