Зоран Заев, поранешниот премиер и претседател на СДСМ, вложил силни напори да ги одвратри претседателот Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ од намерата да учествуваат или да ја поддржат операцијата за обновување на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за да се создадат услови за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во земјата, објави Плусинфо.
Операцијата ја води водството на ДУИ, на чело со Али Ахмети, но во согласност со челниците на СДСМ. Идејата, наводно, е Груевски, откако експресно ќе се врати во земјата, да оформи политичка фракција во ВМРО-ДПМНЕ и да го намали резултатот на најмоќната опозициска партија на следните парламентарни избори.
Ова во ситуација кога сега, на неколку месеци пред изборите, сите анкети покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.
Засега не е познато дали и Груевски активно учествува во оваа операција и дали се согласил со својата ролја на човек што ќе го симне својот наследник Христијан Мицкоски од тронот во ВМРО-ДПМНЕ.
Но, неспорно е дека иницијативата на адвокатот Миле Наумовски од Скопје до Врховниот суд, во која тој бара Судот да утврди начелен став и начелно правно мислење за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател Иванов, оди во прилог на бегалецот во Будимпешта.
Целиот текст прочитајте го ТУКА