Драма на автопатот кај Белград: Македонец возел во погрешна насока

Сообраќајната полиција на автопатот Белград-Ниш, кај Гроцка, сопрела возило марка „Фолксваген Голф“,

кое 49-годишен државјанин на Македонија го управувал по коловозната лента наменета за сообраќај на спротивната страна, јави дописникот на МИА од Белград.

– Полициски службеници на Управата на сообраќајната полиција, кои со пресретнувачи го контролираат сообраќајот, синоќа го запреле возилото на автопатот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Против државјанинот на Македонија поднесена е прекршочна пријава, соопшти МВР на својот Инстаграм профил. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде