Изградивме убава приказна и интензивно ги живеевме нашите соништа. Ти си мојата светлина, принцезо…: Почина познатата инфлуенсерка

Познатата бразилска инфлуенсерка Луана Андраде, почина на 29 години, откако беше подложена на естетска операција, односно липосукција на коленото во Сао Паоло, пишува „Дејли мејл“.

Луана добила срцев удар, што се случил само два и пол часа по операцијата.

„Операцијата беше прекината, а на пациентот му беа извршени тестови кои открија масивна тромбоза“, соопштија од болницата.

Манекенката била прогласена за мртва околу 5:30 часот во вторникот, а причината за нејзината трагична смрт се наведува дека  е белодробна емболија. Оперативниот лекар и анестезиологот, чии имиња не се соопштуваат, од средата наутро не го коментираат случајот.

За трагичната смрт на младата инфлуенсерка се огласи на Инстаграм и нејзиното момче Жао Хадад.

„Раскинат сум и го живеам мојот најлош кошмар. Дел од мене ме остави сам. Изградивме убава приказна и интензивно ги живеевме нашите соништа. Покрај тоа што беше моја девојка, ти си и секогаш ќе бидеш мој партнер надвор од овој живот, љубов моја…

Ти си мојата светлина, принцезо. Те молам продолжи да се грижиш за мене и сите ние одозгора. Секогаш ќе те сакам, отсега до вечноста!“, напиша нејзиното момче Жао Хадад на Инстаграм.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде