Славчо Попоски најавува врнежи од снег – ова се деталите

По преодната стабилизација на времето која настапи кај нас, веќе од утре и тоа поради продор на влажен воздушен бран од Атланиток,

кај нас се очекуваат нови врнежи од дожд, локално и обилни, особено во западните  и во северните предели и проследени со засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Потоа во четврток повторно ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека во петок, како и за време на викендот повторно очекуваме врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

Овој пат поради продорот на постуден воздушен бран од северен, на високите планини ќе има и врнежи од снег.

Снежната граница ќе се наоѓа од 2000 метри па нагоре, а не се исклучува можноста повремено во северозападните предели таа да се спушти и под 2000 метри.

Повторно до самиот крај на оваа недела локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Температурите во следниот период ќе опаднат за 3 до 7 степени во споредба со сегашните  и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека во најтоплите југоисточни предели тие повремено ќе се искачат и до 20 степени.

Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата и под 5 степени, повремено и до околу 0 степени, со што во овој дел од Македонија е можна појава на слаб мраз.

Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде