Предраг М.(44) од село Својнова ги нападнал родителите во семејниот дом. Полицајците нашле расфрлани работи и крв низ целата дневна соба.
Предраг М.(44) од с. Својнова кај Парацин, по расправија во семејниот дом, наводно со секира ги нападнал и тешко ги повредил таткото Д.М.(70) и мајката Д.М.(68). Предраг со удари го скршил черепот на својот татко, поради што тој е во кома.
Родителите од речиси сигурна смрт ги спасил соседот кој ги слушнал нивните плачења и повици за помош. Соседите веднаш повикале полиција.
Кога пристигнале властите, во куќата затекнале грозоморна сцена. Крвави и расфрлани работи низ собата. Разбеснетиот син бил совладан од полицајците, а потоа реагирале медицинските екипи – вели изворот.
Како што пренесуваат српските медиуми, мајката се здобила со неколку повреди во пределот на лицето и нејзиниот живот не е во животна опасност, додека таткото се здобил со фрактура на черепот од удари во главата и паднал во кома. Итно бил опериран и животот му е во опасност.