Миљан Хофман Видовиќ, братот на Љубан Хофман Видовиќ, кој пред неколку дена ги малтретираше вработените и сопственикот на кафулето „Стрит“ во Модрича,
Република Српска, по примерот на својот брат, продолжи да сее страв во рестораните и да се потсмева на келнери.
Имено, порталот Република дојде до видео на кое се гледа како Хофман му удира шлаканица на келнер во ресторан.
Ја држи главата на келнерот, му вели да ги спушти рацете, а потоа му удира шлаканици и во еден момент му го гризнува лицето.
Mafija nikad nije maltretirala građane, već su se rokali između sebe. Ovo današnji ne liče na mafiju 🤷♂️ pic.twitter.com/T1ID1j4Utb
— Dragan Vidaković Mrki P.S.Gerila (@protivdictature) November 8, 2023
Да потсетиме, пред неколку дена на социјалните мрежи кружеа неколку видеа на кои се гледа како група момци предводени од Љубан Хофман Видовиќ доаѓаат во неколку кафулиња во Модрича каде ги малтретираат келнерите и еден од сопствениците на кафулето.
Тие упатија сериозни закани до присутните, тврдеа дека го рекетираат половина Белград и бараат одредено лице кое го нарекоа „Црв“ и „Црвиќ“.