„Бомба“ на политичката сцена во Македонија: Пратеникот и потпретседател на Собранието му заврте грб на лидерот на Алтернатива Африм Гаши

Пратеникот и потпретседател на Собранието, Хусни Исмаили, му заврте грб на лидерот на Алтернатива Африм Гаши, откако во Тетово формираше фракција која се одвои од Алтернатива.

Според соопштението, изминативе месеци во повеќето ограноци е одлучено да ги прекинат своите внатрепартиски активности, а синоќа едногласно одлучиле да формираат Координативен совет.

На средбата присуствувале претставници од 13 ограноци, како и претставнички од Форумот на жени и претставници од Младинскиот форум.

За координатор на Советот е избран Исмаили. Освен координатор, Советот едногласно го избра Муаз Емин за заменик координатор, додека за портпарол е назначен Меритон Цивули од Чаир.

По излегувањето на Исмаили, Алтернатива во Собранието остана со двајца пратеници – претседателот Гаши и пратеничката Сафије Садики Шаини.

Претходно партијата ја напушти и пратеникот Скендер Реџепи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде