Помина месец дена од смртта на македонскиот фолк-пејач Далибор Ѓошиќ чиј живот згасна на 10 октомври 2023 година.
Далибор долги години беше истакнат солист во Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“, а животот го загуби на 41-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Неговата ненадејна смрт растажи многумина, а најмногу неговото семејство кое се уште тагува по големата загуба.
Далибор зад себе остави и малолетен син за кого се надеваше дека ќе тргне по неговите стапки, а неговата сестра Ива, месец дена по неговата смрт објави фотографија со која растажи многумина.
„Еден месец без тебе среќо наша… Еден најтежок месец во нашите животи“, напиша таа под фотографија на која е со својот брат.
Потсетуваме, Далибор Ѓошиќ покрај тоа што настапуваше со ансамблот „Танец“ низ целата земја, но и во странство, важеше и за еден од најталентираните македонски фолк-пејачи.