Соседите се скараа за улица, интервенираше полицијата да ги смири

Бучно беше ова утро за жителите од улицата 43 во скопски Бутел. Оваа улица беше причина за кавга меѓу соседите а морала да интервенира и полицијата за да ги смири.

Некои од нив велат дека пред повеќе години, државата ја одзела и ја претворила во јавен имот, а сега еден од соседите ја купил од државата и ја приватизирал. За тоа се уште има судски процес, затоа се противат на продолжувањето на работите.

-Го купил земјиштето, нели можат да ни дозволат нам, 30 куќи.
-Чие е земјиштето?
-Наше е, беше а градоначалникот го направи државно, зошто на другата не пишува Република Македонија, туку само кај нашата.

Иако полицијата привремено ги стопирала работите и побара жителите кои протестираат да си заминат од улицата, потоа на другата страна и дала дозвола да продолжи со работите.
Некои од нив инсистираа да не се сече бандерата, бидејќи како што велат, таа сведочи каква била состојбата овде пред неколку години.

-Оваа улица е на нашите дедовци од 49-та, дојдоа и ја купија, оваа бандера е знак и сакаат да ја снема, оваа бандера беше знак дека овие куќи се поврзани 40 години, нека дојдат експертите да ја снимаат колку години има оваа бандера? Друго..“, изјави Афет Бајрами.

  • Дали овој пат е јавен?
  • Патот беше јавен, еве го нашиот братучед, дојди овде Ремзи. Нашиот братучед ја имал улицата од 79, правото му е одземено.
  • Кој му го одзеде тоа право?
  • Од… о Ремзи, од која страна е одземено правото од која година?
    -1979 година, бидејќи државата го направи државен пат на Република Северна Македонија.
    Сепак, бандерата беше исечена.

После тоа полицијата ги прекина работите, додека не се најде решение од општината.

Се обидовме да добиеме став и од соседите кои почнаа да работат на тој пат, но тие не сакаа да одговорат без да се најде решение од општината.

ТВ21 праша и во општина Бутел дали дале дозвола за градба и какво решение се очекува од нив, но засега нема одговор.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде