УХМР вечерва со вонредно метео предупредување

Нашата територија се наоѓа под влијание на влажен воздушен бран од запад и токму овој влажен воздушен бран за време на овој викенд ќе условува повремени врнежи од дожд.

 Локално врнежите ќе бидат обилни (над 30 л/м2).На планините над 2000 м.н.в повремено ќе има врнежи од снег. 

Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со силен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во следните часови на повеќе места низ Македонија ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час), објави Славчо Попоски.

УХМР соопшти дека утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 12 до 19 степени.

Според УХМР, под влијание на влажен бран до понеделник претпладне времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 литри на метар квадратен за целиот период). Потоа, до средината на следната недела ќе преовладува стабилно време

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде