Утрово трагична вест во Македонија: Едно лице загина во пожар, две се повредени

Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен објект во селото Требеништа, Општина Дебрца.

– Станува збор за индивидуален објект, во распламтена фаза.

При самата интервенција се извлечени две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен.

Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице, информираат од Територијалната противпожарна единица Охрид.

Извор: Охрид прес

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде