На 09.11.2023 во 22:35 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени О.О. (25) и О.Е. (29), осуденик од КПУ Штип, пуштен на отсуство, двајцата од Скопје.
Полициски службеници излегле на местото и по извршен службен разговор било констатирано дека двете лица,
сопственици на угостителски објект на подрачјето на Чаир, биле повредени од Е.Џ. и Е.Н., кои пукале со пиштол кон нив,
откако претходно со закана одзеле пари и храна од лице кое било вработено во угостителскиот објект како доставувач.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.