Британскиот таксист Сатбир Арора доби награда за херојство откако спаси мало девојче кое му реклo да ја однесе до станицата.
Сатбир Арора го возел 13-годишното девојче кое требало да го пренесе од Оксфордшир до железничката станица Глостер.
Меѓутоа, кога стигнале на одредиштето, никој не ја чекал на железничката станица, што веднаш му предизвикало сомнеж.
Девојчето му рекло дека возењето ќе го плати Сем Хевингс (24), човекот кој требало да ја чека.
На таксистот се му било сомнително. Затоа Арора ја повикал сопругата, со која води такси услуги, за да ѝ каже дека се грижи за малото девојче. Потоа му го дал телефонот на девојчето, а таа ѝ се доверила на неговата сопруга и ѝ кажала дека нејзините родители не знаат каде е, пренесува британскиот портал Метро.
Таксистот и неговата сопруга тогаш решиле да повикаат полиција.Арора го побарал телефонот на девојчето и го побарал човекот со кој требало да се сретне и го снимил разговорот.
Полицијата отишла во неговиот дом и го уапсила откако пронашла ранец во кој имало ножеви, селотејп и силни лекови против болки. Подоцна, било откриено дека тој зборувал за киднапирање, спиење и силување преку онлајн разговор.
Самиот Хевингс е осуден на пет години затвор, а како доказ е користена снимка од разговорот што го водел таксистот.