Груби: Албанците владеат со Македонија

Артан груби вечерва на промоција на Секретаријатите на огранокот на ДУИ во Чаир беше поздравен како „премиер“, а потоа тој рече дека со „Македонија владеат Албанците“.

Претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот, а потоа Груби во говорот рече дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашат од Албанците што владеат со државата.

„Нема чајџилница во Скопје каде што не се констатира дека Албанците владеат со државата. Ова го кажуваме и сите ние, создадовме капацитети да владееме.

20 години ДУИ создава капацитети за управување. Заврши времето на еден или двајца луѓе во ДУИ, време е за сите“, кажа првиот вицепремиер на обраќањето.Слично се надоврза и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Албанци раководат со Владата, обвинители, судии, директори, доктори Албанци, од тоа се плашат, а не од ДУИ“, рече тој.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак рече дека ја срушил „југословенската империја“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде