Артан груби вечерва на промоција на Секретаријатите на огранокот на ДУИ во Чаир беше поздравен како „премиер“, а потоа тој рече дека со „Македонија владеат Албанците“.
Претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот, а потоа Груби во говорот рече дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашат од Албанците што владеат со државата.
20 години ДУИ создава капацитети за управување. Заврши времето на еден или двајца луѓе во ДУИ, време е за сите“, кажа првиот вицепремиер на обраќањето.Слично се надоврза и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Албанци раководат со Владата, обвинители, судии, директори, доктори Албанци, од тоа се плашат, а не од ДУИ“, рече тој.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак рече дека ја срушил „југословенската империја“.