Човекот кој утрово го изврши злосторството во Крушевац кога ја уби сопругата, ја рани љубовницата, според локалните медиуми, се самоубил кога бил опколен од полицајци.
Како што е потврдено за порталот „Нова.рс“, полицијата во Крушевац се уште врши увид на лице место.
Мажот утрово во Расадник, Крушевац, најпрвин ранил жена за која се претпоставува дека му е љубовница, а потоа на патот меѓу Јасика и Кукљин убил жена за која се претпоставува дека му е сопруга.
Како што дознава „rtk.rs“, постои сомневање дека сторителот на ова дело на крајот се самоубил во својот автомобил на патот меѓу селата Страгари и Милутовац.
Според надлежните, повредената жена се здобила со прострелна рана во главата и била пренесена во ургентниот центар на Општата болница Крушевац.
Како што е потврдено, таа е во тешка состојба и се наоѓа на одделението за интензивна нега на хирургија Крушевац.
Два часа подоцна, нешто пред 9 часот, истиот човек со огнено оружје пукал во сопругата на патот Јасика-Кукљин.
Жената се здобила со прострелна рана во главата, а екипи на итната помош констатирале смрт на лице место.
Како што јави РТС, мажот е пронајден мртов кај Милутовац. Засега се претпоставува дека се работи за истиот човек кој по злосторството извршил самоубиство.