ТАЖНА ВЕСТ: Почина бездомникот Сефедин Куртиши, пронајден мртов во дворот на болницата во Куманово

Во дворот на Општата болница во Куманово вчера е пронајден починат Сефедин Куртиши (56) од Куманово, кој со сериозни здравствени проблеми и запуштен талкаше по кумановските улици.

Тој во петокот самоволно го напуштил Психијатриското одделение на Кумановската болница, по што повторно останал на улица на ниските температури.

„Во 07.20 часот, во СВР Куманово било пријавено дека во кругот на Општа болница Куманово бил пронајден починат С. К. (56), бездомник од Куманово.

По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на претпријатие за погребални услуги“, стои во извештајот на МВР.

Но, по налог на Јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на Сефедин Куртиши, за да се утврди причината за неговата смрт.„Издаден е налог за обдукција, за да точно се утврдат причините за смртта на бездомното лице.

Иако нема сомневање за насилна смрт, сепак, поради интересот на јавноста е преземен овој чекор“, велат од Кумановското обвинителство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде