На 19 октомври 2023 година, во Старски дом во Софија, почина Звездомир Стефанов Дикиџиев на 91 година.
Погребот по службеност е извршен на 3 ноември 2023 година на градските гробишта во Софија и покрај барањата на неговиот ополномоштеник Драган Трајчевски, да биде кремиран а неговата урна да се однесе и погреба во гробот на неговата мајка Кераца Висулчева на гробиштата Бутел во Скопје, Македонија, пренесува Светскиот Македонски конгрес.
Звездомир Стефанов Дикиџиев е роден на 8 март 1932 година во Софија, Бугарија. Звездомир Стефанов Дикиџиев е прво дете од Стефан Дикиџиев и Кераца Висулчева. Неговиот втор помал брат Стефан Дикиџиев живее во САД.
Звездомир Стефанов Дикиџиев беше и македонски државјанин. На 7 февруари 2002 година Министерството за внатрешни работи на Македонија му издаде и македонско државјанство.
Звездомир Стефанов Дикиџиев беше неженет, живееше сам во Софија, немаше наследници, цел живот работеше во кантина на државниот Студентски дом во Софија. Неколкупати бил физички нападнат бидејќи се декларирал за Македонец, а еднаш бил и ограбен во неговиот дом.
Звездомир Стефанов Дикиџиев беше мирен човек, го следеше македонското во себе, како и мајка му Кераца Висулчева, се декларрираше за Македонец, затоа и страдаше дискриминиран во Бугарија.
Светскиот Македонски Конгрес на 25 февруари 2021 година во негово име поднесе барање до претедателот на Македонија Стево Пендаровски, премиерот на Македонија Зоран Заев и министерката за култура Ирена Стефоска да му доделат владин еднособен стан на доживотно користење и да ја исполнат неговата последна желба, да биде погребан во гробот на неговата мајка Кераца Висулчева на градските гробишта “Бутел“ во Скопје. Меѓутоа, Владата до неговата смрт не го реши неговото барање.
Звездомир Стефанов Дикиџев и Светскиот Македонски Конгрес на 15 јуни 2003 година ја основаа Фондацијата “Кераца Висулчева“, заради трајно одбележување на името и делото на академската сликарка Кераца Висулчева, родена на 7 април 1911 година во село Нестрам, Костур, Егејскиот дел на Македонија, а почината на 13 јануари 2004 година во Скопје, и погребана на градските гробишта Бутел во Скопје, до гробот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски.