Млада Албанка загинала на подвижна лента во фабрика, ѝ била смачката главата

Според извештаите, машината за пакување била нова во фабриката, а причината за овој немил настан се уште не е позната.

Единствен факт е дека Анила била професионален работник. Таа неодамна била унапредена и била поставена за заменик директор на компанијата.

Првата хипотеза е дека несреќата можеби е предизвикана од човечка грешка, според италијански извори, пренесува Fanpage.it.

Цервикалните пршлени на младата жена биле смачкани од машината, а моментално се води истрага за да се утврди зошто и како дошло до трагедијата.

Девојката живеела со семејството во Тревизо, а веќе некое време работела како работничка во прехранбената индустрија.

Членовите на семејството се видно потресени од ситуацијата што ги снашла, а за Анила имаат само убави зборови. Ја паметат како девојка со „долга, кадрава коса и светла насмевка која беше весела во животот и многу вредна како работничка“.

Полицијата започнала увид и реконструкција на настанот.

Според локалните медиуми, во текот на првите седум месеци од 2023 година, 559 луѓе го загубиле животот на работа во Италија, а Ломбардија е на првото место со 74 жртви.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде