Најавениот леден бран на Балканот и во Македонија ќе пристигне за време на овој викенд, кога температурите значително ќе се намалат.
Сето ова ќе биде проследено и со врнежи од дожд и снег планините и таму се очекува формирање на снежна покривка.
Сето ова ќе биде проследено и со засилен, повремено силен ветер од северен правец, а на Јадранот силна Бура (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).
Кај нас во Македонија пообилни врнежи ќе има во петок во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота. Во сабота пак врнежите ќе бидат значително послаби и локални.
На планините ќе има врнежи од снег, а снежната граница во сабота ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што сосема слабо и локално провејување на снег ќе има и во повисоките градови, но тоа ќе биде ретка појава.
Од недела наутро температурите на воздухот на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата, со што на многу места го очекуваме и првиот мраз за оваа сезона.
За време на викендот студено ќе остане и преку ден, и тогаш максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.
И во Македонија за време на викендот ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец (локално и повремено со брзина до околу 80 км/час).