„Не знам како ова се прави, никогаш не сум пишувал вакво нешто. Јебига, и тешко ми е…“

Актерот Милан Мариќ глумеше во серијата „Пад“, работена според книгата на Жарко Лаушевиќ „Годината минува, денот никогаш не поминува“. Мариќ го толкуваше ликот на Иван Маслац, заснован на книгата на Лаушевиќ.

Жаре,

Не знам како ова се прави, никогаш не сум пишувал вакво нешто. Јебига, и тешко ми е. Дали прво би требало да ти се заблагодарам? Да напишам : “Фала што беше таков глумец”?

Морам прво да напишам глумец зашто токму така те запознав. Преку улогата. Те запознав преку улога?! Како тоа наивно звучи, но знаеш на што мислам.

Можеби сепак треба да напишам: „Ти благодарам што беше таков колега“.
Тоа звучи поблиску и поинтимно, и навистина е така. Морам да додадам дека беше прекрасен колега, полн со трпение, совети и разбирање за нас „балавците“. И ти го знаеш сето тоа, сето тоа веќе ти го кажав. И не сум единствениот.

А кога би напишал само „Жаре, благодарам“, тоа би значело дека се збогувам со тебе и како актер и како колега, но и со она што јас и ти го изградивме надвор од филмскиот сет.
А за тоа ми е всушност најтешко да пишувам.
Ќе се обидам.
Ти благодарам за довербата.
Ти благодарам за насмевките.
Ти благодарам за времето.
Ти благодарам за поддршката.
Ти благодарам за лекциите.
Ти благодарам за нежноста.
И ти благодарам за пријателството.

Можеби раѓањето на секој човек е неговиот најголем подем, се останато е пад.

Твој, Маре“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде