Човек, татко на две мали принцези, сопруг, син, брат, другар, пријател, грижлив, трпелив, професионалец… најдобар: Почина Илија Жупаноски

Почина Илија Жупаноски, долгогодишен советник за комуникации и односи со јавност во владата на СДСМ.

Утрово тажната вест ја соопшти неговиот колега Марјан Забрчанец.

Нѝ го зедоа братот, директорот, најдобриот… Дупка огромна. Нема како да се пополни.

Нема збогум, Илија Жупаноски.

Човек, татко на две мали принцези, сопруг, син, брат, другар, пријател, грижлив, трпелив, професионалец… најдобар!

Роден во Скопје во 1982. Заврши средно економско училиште и економски факултет во Скопје, а магистрираше информациски системи на универзитетот Лунд во Шведска.

Беше еден од младинските активисти кои учествуваа во основањето, развојот и професионализацијата на македонската дебатна асоцијација и на Младинскиот образовен форум (МОФ), каде беше и извршен директор од 2007 до 2010 година.

Жупаноски имаше суштински ангажман во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата на Северна Македонија од 2017 година наваму. Беше еден од основачите на концептот за дигитална отчетност и транспарентност кој придонесе македонската Влада од 2017 година да биде прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност.

Беше советник за дигитални комуникации на премиерот Заев, на премиерот Спасовски и на премиерот Ковачевски.

Активен борец против дезинформациите и против хибридните и сајбер напади врз демократиите, со огромно домашно, регионално и меѓународно искуство.

Илија беше член и на управниот одбор на European Digital Diplomacy Exchange (EDDE), меѓународна мрежа на владини комуникатори чија цел е зголемување на колективните капацитети за поефикасна заштита на демократиите во рамките на дигиталниот информациски простор.

Ах, Илија…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде