Се огласи Оливер Спасовски: Со НЕВЕРУВАЊЕ и ГОЛЕМА ТАГА ја примив веста за прераната смрт на Илија Жупаноски

Со неверување и голема тага ја примив веста за прераната смрт на Илија Жупаноски, голем борец за демократија во нашата држава.

Илија беше мој советник за дигитални комуникации во времето додека бев претседател на Владата, како и на премиерите Заев и Ковачевски.

Жестоко се бореше против дезинформациите и манипулациите со информации кои ја поткопуваат демократијата и демократските вредности, секогаш на страна на вистината и прогресот.

Илија имаше клучна улога во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата на Република Северна Македонија, почнувајќи од 2017 година.

Тој беше еден од пионерите во развивањето на концептот за дигитална отчетност и транспарентност, придонесувајќи кон тоа македонската Влада да стане прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност.

Со своето огромно домашно, регионално и меѓународно искуство, Илија беше посветен на борбата против хибридните и сајбер напади кои го загрозуваат темелот на демократијата.

Сочувство до семејството и најблиските. Вечна му слава!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде