Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец.
Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен.
Како што соопшти УХМР, поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе почне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер.
Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе почне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но со слаб интензитет.
Славчо Попоски на својот фејсбук профил најави вистинска зима.
Добро утро! Што да се каже освен да се спремаме за вистинска зима! Најновите излези на нумеричките модели и понатаму цртаат дури три големи продори на поларниот вртлог кон Балканот и Македонија до самит крај на овој, и во почетокот на декември месец, ова ќе донесе и изобилие на снег!, објави Попоски на Фејсбук.