Бразилската актерка и модел Исис Фреитас почина на 22-годишна возраст.
Ѝ била дијагностицирана туберкулоза, а по силната борба со болеста, во тешка состојба била пренесена во болница.
Исис ја загуби битката со животот, а веста за нејзината смрт ја соопштија нејзините соработници.
„Со големо жалење и тага ве известуваме за смртта на нашата актерка и придружничка Исис Фреитас“, стои во нивното соопштение.
Фреитас ја почна својата кариера како модел пред да стане актерка и да се појави во многубројни претстави.
Таа се појави и во голем број реклами за козметички брендови.