Драма во Скопје: Пожарникарите на терен во обид да спасат швалер кој бегал преку тераса?

На социјалните мрежи веќе вирално се шири видео направено во скопската населба Ѓорче Петров на кое се гледа како маж виси од клима уред закачен на зграда, пренесе Инфомакс.

Како што неофицијално дознаваме човекот кој виси од клима уредот бил во интимни односи со сопругата на другиот господин кој се гледа на снимката.

Очигледно љубовџијата се преценил во своите способности да се скрие од сопругот, но и во капацитетите да побегне преку тераса па останал заглавен да виси.

На крајот како што се гледа на смимката интервенирала противпожарната бригада која неофицијално му го спасила животот на момчето.

Засега нема официјални информации од надлежните институции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде