Тешка сообраќајна несреќа, три лица пренесени во болница

Денеска околу 15 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на угостителски објект,

се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки:”фолксваген голф” управуван од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Желино и “опел астра” што го управувал 58-годишниот тетовец Б.И.

„Во несреќата, возачот на “опелот” и сопатниците од “голфот” Б.А.(27) и 19-годишната А.А.од Желино се здобиле со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово“, соопшти портпарлот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Поради сообраќајката на автопатот сообраќајот се одвиваше отежнато.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде