Повеќе од 50 лица, од кои пет потешко, се повредени во железничка несреќа во петокот вечерта кај Оџак на линијата Сомбор – Нови Сад,
а сите возови на таа релација се откажани до понатамошно известување, јавува Радиотелевизија на Србија.
Лекарите во Општата болница во Сомбор потврдија дека пет од 52 повредени патници се хоспитализирани, од кои еден се здобил со тешки скршеници и повреди на црниот дроб и е сместен на интензивна нега.
Останатите пациенти, по прегледот и дијагнозата, биле упатени на домашно лекување со скршеници на главата, контузии на градниот кош и абдомен и повреди на рацете и нозете.
До несреќата дошло кога патнички воз налетал на товарен воз кој застанал на делот од пругата помеѓу станиците Ратково и Оџаци, а посериозни последици спречил машиновозачот на патничкиот воз бидејќи гледајќи ги вагоните пред себе , со сопирање успеал да ја намали брзината.
Истрагата е во тек, а засега е утврдено дека диспечерот на возовите на станицата Ратково го пропуштил возот без да утврди дека товарниот воз застанал меѓу двете станици.