Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за вчерашнaта случка на Левица во Собранието и потенцираше дека Апасиев не ја кажува целата работа, а тоа е дека има преговарано со Талат Џафери.
-Мислам дека главната работа Апасиев не ја кажува, тоа целно не ја кажува, затоа што доколку ја каже тогаш јавноста и неговите следачи,
поддржувачи треба да се соочат со фактот и вистината дека тој во суштина има преговарано со Талат Џафери, а за што го обвинува ВМРО-ДПМНЕ? Зошто ова го тврдам, затоа што деловникот се разгледуваше по редовна постапка, рече таа.
Пратеничката Стојаноска објасни дека Деловникот бил донесен по редовна постапка.
-Вчера се дебатираше за Деловникот на пленарна седница, пред тоа следеа две комисиски расправи на Комисијата за деловнички мандатно имунитетни прашања.
Деловникот беше поднесен по редовна постапка. Плус на ова е работено наназад 5 години. Тоа е Жан Моне процесот, едно време ние го бојкотиравме, затоа што не бојкотираа нас од сите процеси.
Јас не реков дека тоа е идеален деловник, но би рекол дека е оптимум и секако подобар од овој што досега беше, кажа таа.