Сертиозне инцидент и голема тепачка се случиле во Судот во Охрид, кога во судницата била изречена затворска казна во траење од 15 години, за лице кое се товари за убисто.
По ова ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, која излегла од контрола и била повикана полицијата да интервенира, објави „Охрид1“.
Засега нема информации кој е нападнат и дали во инцидентот има повредени.
Како што објави пораталот, полицијата ја блокирала улицата Македонски просветители.
Околу судот се расподедени повеќе полициски автомобили, а полицијата влегла во судската зграда.
Според информациите, инцидентот се случил на судење на лица од Велешта.