Страотна сообраќајка помеѓу три возила – ова се деталите

Се судрија автобус, товарно возило и мотоцикл во Штип. Во сообраќајната несреќа возачот на мотоциклот e тешко повреден.

– Вчера, во СВР Штип, било пријавено дека околу 11 часот, на кружниот тек од улицата Партизанска и улицата Борис Крајгер во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“,

управувано од С. З. (34) од Штип, автобус „мерцедес“, управуван од Ф. Р. (33) од Штип и мотоцикл „сузуки бургман“,

управуван од А. Р. (37) од Штип, сите со штипски регистарски ознаки, информираат од МВР.

Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото бил извршен од екипа на СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде