На 64-годишна возраст почина ТВ-водителката и актерка Анабел Гилс. Пред само четири месеци ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот.
Анабел, најпозната како водителка на емисијата Posh Frocks and New Trousers, починала мирно вчера во болницата Мартлетс во Хов, потврдија нејзините деца Моли и Тед.
Тие ѝ оддадоа почит со трогателна посвета.
„Со тешко срце ве известуваме за смртта на нашата неверојатна мајка Анабел Гилс. Во јули ѝ беше дијагностициран многу агресивен малигнен тумор на мозокот.
Во четирите месеци што следеа, таа покажа извонредна издржливост и сила, и покрај операцијата на мозокот и безбројните третмани со радиотерапија. Во нејзините последни недели, таа беше гласна за подигање на свеста за болните од глиобластом.
Остана ведра до самиот крај. Нејзините хумор и смеа не’ инспирираа максимално да го искористиме секој миг во животот.
Ви благодариме за вашата љубов и поддршка и ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој исклучително тежок момент. Наместо цвеќиња или други подароци, донирајте во болницата Мартлетс“, напишаа тие.