Тажна вест вечерва сподели Драгица Стевковска, популарната Дракче од ТВ-екраните.
Таа на социјалните мрежи се прости од Славчо Мишевски, познат пејач и имитатор.
„Почитуван наш Славчо, секогаш ќе останеш во нашите сеќавања како добар и чесен човек полн со многу идеи.
Ја сакаше песната, поезијата и глумата. Ти благодарам за долгата соработка во мојот проект „Патот на светлината“ на Наша ТВ.
Пет години за гледачите омилени теми.. Почивај во мир! Не ја издржа битката со болеста“, напиша Дракче.