Владата до крајот на неделата тpеба да ги донесе мерките за pанливите категории, решението за минимална пензија ќе почека

Тренчевска не сакаше, како што рече, да лицитира кои пензионери ќе бидат опфатени со пакетот мерки, но кажа дека тоа најверојатно ќе бидат најранливите, односно оние со најниски пензии.

Кога мерките ќе бидат усвоени од Владата, освен кои категории граѓани ќе бидат опфатени со нив, ќе се знае и колку време тие ќе траат

Решение со кое ќе се регулира висината на минималната пензија, според очекувањата на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, тешко дека ќе биде донесено до крајот на овој месец.  

Причините за тоа, како што изјави денеска министерката, е во комплексноста на решението.

Што се однесува, пак, до пакетот мерки за ранливите категории, кој, според најавите, треба да опфати и дел од пензионерите, тој треба да биде објавен до крајот на оваа недела, изјави денеска Тренчевска.

„Се дискутира и за мерките коишто треба да ги предложат како Работна група, односно беа предложени до Владата за да ги поддржиме особено пензионерите со ниски пензии, а се работи секако и на едно системско решение за предлог-закон,

предлог-одредби за утврдување на минималната пензија, меѓутоа не очекувам дека многу бргу, до крајот на овој месец ќе се донесе некакво решение затоа што сепак станува збор за едно комплексно прашање со кое се регулира минимална пензија.

Работната група ќе продолжи со работа, а мерките за сите ранливи категории на граѓани очекуваме дека до крајот на оваа недела ќе бидат донесени од страна на Владата“, изјави Тренчевска.

Тренчевска не сакаше, како што рече, да лицитира кои пензионери ќе бидат опфатени со пакетот мерки, но кажа дека тоа најверојатно ќе бидат најраливите, односно оние со најниски пензии.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде